Дури 80 отсто од жените се соочуваат со проблемот – целулит. Кај оние со поцврста градба целулитот е помалку воочлив, кај оние со понежна е повпечатлив, но дури и манекенките не се имуни на „портокаловата кожа“.
Доколку сте опседнати со тоа како сепак да го прикриете целулитот на плажа, еве три трикчиња кои делуваат.
Крема за самопотемнување
Целулитот е највпечатлив на светла кожа. Потемната кожа визулено го прикрива целулитот. Три дена пред да заминете на одмор со помош на средство за самопотемнување осигурајте си бронзен тен, со тоа ќе си осигурате и поголема самодоверба на плажа.
Лак за коса
Можеби ви звучи смешно, но едно волшебно решение за прикривање на целулитот е лакот за коса. Кога ќе го нанесете на критичните места, лакот ја затегнува кожата и на тој начин целулитот помалку се гледа. Само што „магијата“ трае само неколку часа.
Ладен туш
Студената вода ја затегнува кожата. Доколку може да издржите ваков екстремен третман истуширајте се со студена вода непосредно пред да одите на плажа. Критичните делови со целулит, изложете ги барем пет минути под млаз студена вода и целулитот привремено ќе исчезне.
