Убавина

Убавина од чаша јогурт

Дали сте знаеле дека овој вкусен и хранлив пијалок ја прави кожата помека и повеќе хидрирана, а на косата и помага да го врати природниот сјај, оставајќи ја мека и свиленкаста?

Најверојатно веќе знаете дека јогуртот смирува изгореници на кожата и го намалува црвенилото, но има и многу други придобивки.

Маска и регенератор за коса

Откако ќе завршите со шампонот, ставете обичен јогурт на вашата коса. По неколку минути, исплакнете ја со млака вода.

Природен пилинг

Микс на јогурт со овесни брашно и сува кора од портокал или лимон. Со таа мешавина масирајте на кожата со нежни, но енергични кружни движења и исплакнете со млака вода.

Маска за лице

Моќниот бел пијалок може да ви помогне да се ослободите од темните кругови околу очите и да ја подмлади вашата кожа. Направете густа мешавина на јогурт, овесно брашно, мед, нанесете на лицето и исплакнете после 10 минути.

Ги ублажува изгорениците од сонце

Нанесете тенок слој на обичен јогурт директно на изгореницата и по 20 минути исплакнете со млака вода. Во јогуртот исто така може да додадете неколку капки етерични масла, за да се спречи мирисот кои произлегува од неговото затоплување.

Write A Comment