Motherhood

Ублажете ги мачнините во текот на бременоста со кикирики

Чаша млака вода со лимон ја ублажува мачнината, но тоа не го решава проблемот целосно. Мајките кои поминале низ оваа фаза велат дека ним им помогнало консумирање на овошје – јаболка и круши. Други велат дека лимонада засладена со мед била совршено олеснување.

Длабоко дишење за време на бременоста, особено кога бремените жени почувствуваат гадење, е одличен совет, тврдат светските гинеколози.

Одличен рецепт за секоја бремена жена на која утрото ѝ почнува со мачнина се кикирики со лушпа.Експертите го објаснуваат овој феномен со фактот дека за време на мачнините, мозокот го оптеретуваме со рачна работа за чистење на кикириките. Затоа е корисно да се лупат кикирики отколку да се јадат излупени. Кикириките содржат висок процент на фосфор кој директно влијае на намалување на мачнината. Треба да се знае дека фосфорот позитивно влијае на сите ментални процеси, ги смирува нервите и го подобрува расположението.

Write A Comment