Sweet Home

Уникатна вила на Тајланд

Лоцирана во Кох Самуи, Тајланд, вилата The Headland 2 располага со сите модерни удобности кои можат да направат човек да се почувствува слободен.

Таа открива прекрасен поглед кон петте острови и Националниот морски парк „Анг Тонг”  и е опкружена со бујна тропска вегетација. Вилата The Headland 2 на уникатен начин ги комбинира достигнувањата на архитектонската уметност, внатрешен дизајн и грижата за животната средина.

Вилата The Headland 2 е поделена на два целосно самостојни дела. Во првиот има две спални соби и две пространи бањи со WC. Вториот дел содржи голема отворена дневна соба, непречено минува во трпезаријата и кујна.

И двата дела имаат свиткани стаклени ѕидови-врати , кои овозможуваат собите да се ладат на природен начин, користејќи ја моќта на свежината и нежниот морски воздух .

Кон целиот овој рајски раскош треба да ги додадеме и салонот-тераса и базенот .

Напиши коментар