Ова е уште еден од многуте предлози за “бел” дом. Белата боја која ја симболизира чистотата, невиноста, слободата е една од најпосакуваните бои за уредување на домот. Иако тоа е така, ретко кој се обидува во пракса да ја спороведе затоа што е тешка за одржување. Но, сепак кога ќе ги имаме во предвид сите нејзини позитивни страни, нема причина да ја избегнуваме.
Белата боја визуелно го зголемува малиот стан, ја зголемува светлината, оддава голема доза на нежност и смирувачка атмосвера. Ова е уште еден бел дом, кој е доволно добар за да го споделиме со вас.




