Можеби не можете да контролирате на која нога ќе станете, но секако може да го контролирате она што се случува откако ќе станете од кревет. Променете некои од овие навики и денот ќе ви биде поубав, а ке имате и повеќе енергија.
Прерано го пиете вашето кафе
Постои ли навистина лошо време за кафе? Да. Штом се разбудите, нивото на енергија природно расте, а кафето може да создаде вишок енергија поради што ќе станете нервозни. Најмногу корист од кафе ќе имате ако го испиете еден час после будењето. Нивото на енергија тогаш почнува одеднаш да се намалува, па затоа кафето ќе ви помогне да ја одржите енергијата до попладневните часови.
Вашиот појадок е премногу скромен
Неколку шумски плодови измешани со јогурт можеби звучи како здрав доручек, но нема да ве одржи сити до попладневните часови. На овој доручек му недостасуваат некои хранливи состојки кои ќе ве држат до следниот оброк. Добар доручек би требало да се состои од 15 гр. протеини, 2,5 гр. влакна, сложени јаглехидрати и малку здави масти.
Штом отворите очи веднаш проверувате е-пошта и пораки
Тоа е страшна навика од која треба да се ослободите што побргу. Проверувањето на мејл штом отворите очи е прав пат за стресен ден. Наместо веднаш да мислите на работа, започнете го денот со активности кои ве опуштаат – вежбајте, разговарајте со членовите од семејството. На тој начин ќе бидете попродуктивни и креативни, а тоа ќе ви биде исплатливо на работа.
