Кога ќе ви се спомене планинска куќичка што прво ви се појавува во главата? Сигурно не е нешто кое наликува на оваа Villa Vals. Група архитекти се запрашале:
„Дали е возможно да се направи куќа во планина, која нема да го наруши изгледот на планината, а сепак ќе има обезбедено доволно светлина во внатрешноста на куќата?“ Изгледа дека одговорот е позитивен.
Villa Vals оригинално е изработена за да биде приватна викендичка, но сега може да си резервирате одмор на Алпите во ова извонредно планинско куќиче.








