Здраво тело

Вагинална иритација и нејзино третирање

Брзата реакција и навремено детектирање се клучни за третманот на речиси сите болести, вклучувајќи ги тука и оние на интимните делови од телото. Еден од најчестите проблеми кај жените е несомнено иритацијата на интимните делови, и токму поради тоа одлучивме да ви претставиме краток водич кој може да ви помогне навремено да реагирате и ефикасно да го третирате овој проблем.

Ако е надворешна…

Често менувајте ја долната облека. Интимните делови се многу чувствителни на преголема влага. Затоа, чувајте ја сувоста со тоа што ќе носите само памучна долна облека. Тоа помага во впивање на вишокот влага, за разлика од синтетиката.

Ако тоа не ви успее…

Можете да се обидете да си помогнете така што ќе нанесете вагинален крем против инфекции. Честото бришење или долготрајни односи можат да доведат до иритација на нежната кожа на вагината. Во овој случај помага и бебешка пудра или бебешка витаминска маст кои го смируваат црвенилото.

Ако тоа не ви успее…

Можеби имате габична инфекција, придружена со непријатно чешање и густ бел исцедок. За оваа состојба користете крем против габички или вагиналети.

Ако тоа не ви успее…

Веднаш јавете се кај вашиот гинеколог и закажете преглед. Гинекологот ќе ви помогне така што ќе ја одреди точната дијагноза и соодветната терапија.

Ако е внатрешна…

Доколку сте ја исклучиле можноста за надворешна иритација, а се уште чувствувате пецкање, чешање, дури и болка, обратете се на стручно лице. Можеби се работи за уринарна инфекција или пак, вагиналната инфекција ја предизвикува некој сосема трет фактор. Навременото детектирање многу ќе го олесни третман, а доколку го занемарувате својот проблем тој може да ескалира и да предизвика сериозни последици по вашето интимно здравје.

 

Напиши коментар