Motherhood

Вашата куќа е во хаос? Не грижете се, тоа е нормално!

“Жал ми е не можам да те поканам на кафе, мојата куќа е во  хаос!” Колку пати сте го слушнале ова оправдание? Ако сте едена од оние мајки која ја користи оваа реченица, не правате го тоа повеќе. Нема ништо лошо во тоа што детски играчки се насекаде по подот, или што сте заборавиле да ја уклучите правосмукалката. Тоа е се сосема нормално.

НОРМАЛНО: Вашето лавабо е полно со садови, вашата машина за садови е преполна, а никаде не можете да најдете чист сунѓер.

Понекогаш не можете да го најдете приборот што ви треба? Големи лажици користите за овошје? Тоа не е важно. Важно е на децата да им поставите чинии за ручек.

НОРМАЛНО: Вашите деца ги расфрлиле играчките во кадата и бањата после капење. Ја повлекувате туш завесаа за да го сокриете хаосот.

Не правете го тоа. Секој знае што има зад завесата.

НОРМАЛНО: Сте го заборавиле ѓубрето!

Вашата канта за ѓубре е полна? Ништо необично. Важно е само конечно да го фрлите ѓубрето од станот.

НОРМАЛНО: Не сте правосмукале!

Последен пат сте правосмукале кога вашите родителите беа на посета. Не ни погледнувате што има на горните полици на библиотеката. Особено ако сте алергични на прашина.

НОРМАЛНО: Долната облека е насекаде!

Тоа е сосема нормално. Ако успеете да го соберете сиот веш, сметајте се за шампион.

Write A Comment