Зголеменото консумирање на шеќер кај децата е поврзано со дијабетис тип 2, здебеленост, подуеност, главоболки, замор, слабо функионирање на имунолошкиот систем… Еве што можете да направите за вашите деца да ја избегнат прекумерената доза на шеќер:
- Поставете им да јдадат помалку од 20 г рафиниран шеќер дневно
- Најлесен начин да го исфрлите шеќерот од исхраната е на децата да им давате помалку сок во текот на денот. Две чаши сок дневно содржат 90 г шеќер. Наместо сок дадете му газирана вода со малку лимонов сок или овошни чаеви.
- Проверете на декларацијата на прехрамбени производи колку шеќер содржат. Ова посебно се однесува на производите од житарици, готови сокови и сл.
- Добро размислете пред да му дадете на детето уште една бонбона, сладолед..
- Избегнувајте чување на бонбони дома или чоколади
- Кога детето ќе посака благо, слаткото нека не ви биде прв избор – подобро дадете му јаболко, банана или грозје.