Мода

Вечна класика – малиот црн фустан

Вистина е дека жените ги сакaат црните фустани затоа што во нив изгледаат привлечно и ги прават послаби. Повеќе од 90 проценти од нив во својата гардероба имаат по еден омилен црн фустан.

Едно интернет истражување на 2100 жени на возраст меѓу 25 и 40 години, покажало дека малиот црн фустан е најдобрата инвестиција која што жените можат да ја направат .

Над 90 проценти од жените имаат по еден мал црн фустан во својата гардероба, а половина од нив имаат помеѓу 4 и 6 такви фустани. Се смета дека  малите црни фустани се најидеални тоалети за сите прилики.

Жените ги обожаваат  црните фустани, затоа што одговараат на сите стилови, а црната боја овозможува сексипил и официјалност.

 

Write A Comment