Bridal

Венчаници за оние кои сакаат да изгледаат гламурозно

Сите девојки посакуваат на својата свадба да ја носат венчаницата од своите соништа, но не сите сакаат да носат балски фустан како од бајките. Многу млади девојки се смели и сакаат екстраваганција, па се одлучуваат за модели кои целосно ги одразуваат нивниот карактер и личност.

Станува збор за гламурозните венчаници кои го носат потписот на израелскиот дизајнер Дани Мизраки. Неговата најнова колекција е креирана за млади девојки кои на својата свадба сакаат да изгледаат екстравагантно, сексапилно и уникатно

На моделите можете да сретнете полутранспарентни детали, длабоки зарези и шлицеви, па со полно право може да се каже дека овие модели не можете да ги видите на стандардните свадби.

Изработени се во главно од тил, сатен и чипка, а се совршен избор за онаа девојка која сака да биде атипична и сака да постигне гламурозен и секси изглед

Погледнете како изгледаат овие невообичаени венчаници:

 

Напиши коментар