Модните додатоци се јагодката на шлагот. Убавата комбинација може да ја заокружите, а воедно и надополните со модните додатоци. Конечно може да посегнеме по платнените, ленените, и плетените торби, шарениот накит, летните марами, обетките направени од синџирџиња и пердуви… и се она што асоцира на лето, одмор, плажа.









