← НАЗАД НА БОЗА

Ви ја откриваме тајната, како се пржат мекици!

Ви ја откриваме тајната, како се пржат мекици!
1333 Читања

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 10 гр – шеќер

* 100 мл – масло

* 1 кг – брашно

* 1 квасец

* малку сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Квасецот се раствора во една чаша млака вода. Потоа во подлабок сад се става и меси тестото, се додава 900 гр брашно и водата од чашата со квасецот.

Потоа тестото се остава да отстои на топло за да нарасне. Откако тестото ќе нарасне, во тава на оган се загрева поголема количина на масло.

Од тестото се кинат парчиња и со раце се обликуваат кори во форма на тавата и една по една се пржат.

Откако ќе се испржат ставете ги во една чинија да се исцеди маслото.

Тајната е да се капне неколку капки ракија во тестото за да не се полнат многу со масло. Едно капаче ракија на едно кило брашно.

Кога ќе стасаат посипете пола лажиче пециво и измешајте ги па потоа пржете ги. Ќе бидат многу меки и нема да бидат мрсни.

Најбитно е тестото да не биде ниту многу меко ниту многу тврдо.

Да не ви гори маслото ставете 3-5 зрна жив грав во маслото и пржете колку сакате.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk