Art & Crafts

Ви прават чевлите плускавци? Имаме практичен совет за вас

Сигурно ви се случило да си купите кондури и после првото носење да сватите дека ви прават плускавци или пак да пазарите обувки на намалување и да си купите нешто помал број од оној што го носите, но тоа не е важно, важното е дека цената била пристапна.

Пред вас е еден совет кој се преземен од форумите каде што девојките советуваат како да ги проширите вашите кондури за да не ви прават плускавци.

Тие што пробале велат дека прави чуда со претесни кондури.

Земете компир со средна големина, излупете го и ставете го во кондурите,

Оставете го да отстои преку ноќ. Сокот од компир делува во контакт со кожа, антилоп и некои други материјали. Чевлите нема да мирисаат нималку, а вие ќе добиете згодни чевли за носење.

Write A Comment