Замислете сценарио во кое наутро се будите во топол кревет со поглед на снежните падини, со една единствена обврска на ум – да облечете костим за капење и да се нурнете во состојба на нирвана, која ви ја гарантира вашиот спа агол од собата. Воопшто не се сомневаме дека ваква зима би посакале сите, а откако ќе ги погледнете фотографиите од луксузната вила Chalet Mont Blanc во француското планинско гратче Megève, постои можност веднаш да резервирате авионска карта.
Пространата вила навистина нуди сè што би можеле да посакате на вашиот зимски одмор. Шест совршено уредени апартмани со дополнителна детска соба се дел од луксуниот планински комплекс, а бонус е “инфинити” базенот. Спа просторот со сауна, како и винските подруми дополнително ја зголемуваат желбата за престој во оваа колиба, а приватниот готвач и кино, се дополнителни причини поради кои би се преселиле во Megève. Секако, ваков луксуз има и своја цена, па затоа оваа вила ќе биде соодветна за оние со подлабок џеб, но тоа не значи дека и останатите не можат да си ја замислат како посакувана опција за оваа зима.

















