ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 глава карфиол
* 2 јајца
* 0,5 чаши пиво
* 1 лажица брашно
* 1 лажица презла
* 0,5 лажиче сол
* масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Цветовите од карфиолот измијте ги.
- Ставете ги во посолена вода што врие и варете ги 5 минути.
- Потоа отстранате го карфиолот од водата и добро исцедете го.
- Во голем сад изматете ги јајцата, додадете го пивото и малку по малку, со постојано мешање додавајте од брашното, презлата и солта.
- Измешајте ја смесата внимателно, внимавајќи да не се формираат грутки (смесата треба да е со приближна густина како смесата за палачинки).
- Ставете го маслото во длабока тава и загреете го.
- Тркалајте ги цветовите карфиол во кашата од брашно и пиво и пржете ги додека да добијат златна боја.
- Похваниот карфиол ставете го врз кујнска хартија за да се исцеди.
- Пред сервирање, по желба посипете со свежи зачини.
