Мојата кујна

Вкусен леб со тиквички

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 250 гр брашно

* 1 лажичка прашок за пециво

* 1 лажичка зачин

* 1 помала тиквичка

* 3 јајца

* неколку сечкани маслинки

* 75 мл масло

* 75 мл млеко

* 50 гр сирење

* бибер

* магдонос, рузмарин, мајчина душица, босилок и други свежи зачини по желба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тиквичката се лупи и се ренда ситно, се посолува и се остава 1-2 часа во цедалка, да се исцеди добро.

Се меша брашното со сол и прашок за пециво. Јајцата се матат со вилушка, се додаваат млекото и маслото  и се мешаат со брашното. На таа смеса се додава изгмеченото сирење и сечканите маслинки. Тиквичката добро се цеди и се додава во смесата. Се додаваат бибер и сечкани зачини по желба. Смесата добро се меша и се става во долгнавест плех (за леб), обложен со хартија за печење.

Така сипаната смеса се израмнува и се попрскува со масло . Се пече во претходно загреана рерна на 200°С, околу 40 минути. Со чачкалица се проверува дали лебот е печен.

Печениот леб се остава малку да се излади, а потоа се вади од калапот и да се излади до крај.

Write A Comment