Мојата кујна

Вкусен намаз од печен зеленчук

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 модар патлиџан

* 1 тиквичка

* 1 главица кромид

* 1 морков

* 2 црвени пиперки

* 2 црвени патлиџани

* 2 чешниња лук

* 1/2 лажиче мајчина душичка

* прстофат мајоран

* по потреба сол и масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Зеленчукот измијте го и исечетего на помали парчиња. Ставете го во тава, додајте ги зачините, солта, попрскајте го со масло и измешајте го.

Ставете го да се печи во загреана рерна на 180-200 степени околу 1 саат додека да омекни. Повремено измешајте го за да не изгорат премногу горните парчиња.

Кога е испечен оставете го да олади и изблендирајте го во блендер да се добие изедначена мазна смеса. По потреба додајте и сол.

Вака добиениот намаз послужете го со лепче, сиренце итн. а може да се искористи и како сос за тестенини.

 

 

Напиши коментар