Убавина

Вкусен витамински пијалок кој го топи целулитот

Овој антицелулит смути би требало да го пиете секое утро, наместо редовниот појадок, во текот на неколку дена. Пијалокот ќе ви даде енергија, ќе го исчисти вашиот организам, ќе ве ослободи од вишокот на вода и ќе ги ублажи “дупчињата” на нозете.

Потребно ви е: Вода, грст спанаќ, половина банана, половина портокал, неколку парчиња ананас, малку цимет. Сите состојки ставете ги во блендер и матете додека не го добиете пијалокот.

Еве зошто се потребни баш овие состокји:  

Спанаќот е одличен извор на железо и влакна. Го подобрува варењето и така помага при исфрлање на штетните материи од организмот.

Портокалот е богат со витамин Ц, вода и антиоксиданси.

Ананасот има диуретски својства, помага во борбата против задржување на течностите во телото и содржи антиоксиданси  заради ко кожата изгледа здраво и затегнато.

Бананата е полна со калиум и добар извор на витамин Б6 и диетални влакна, витамин Ц и манган. Исто така, помага против задржување на течноста во телото.

Циметот ја стимулира циркулацијата, а сите знаеме дека целулитот најчесто се создава токму заради проблеми со циркулацијата.

Водата е исклучително важна во борбата против целулитот бидејќи ги исфрла штетните материи и насобраната течност од организмот.

Write A Comment