ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 400гр. шеќер
* 12 лажици вода
* 150гр. мелени ореви
* 150гр. мелени кекси
* 125гр. маргарин
* 3 лажици какао
ГЛАЗУРА:
* 120гр. чоколадо
* 3 лажици масло
* 1 лажица маргарин
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете го шеќерот во подлабок сад и налејте вода. Оставете го околу пет минути да се растопи и измешајте го со оревите и кексите. Промешајте и тргнете го од оган. Додека е топол, додајте му парченца сецкан маргарин и пак промешајте. Поделете ја смесата на два дела – во едната додајте какао. Тавата обложете ја со масна хартија и прво распоредете ја темната смеса. Преку неа излејте ја светлата и израмнете ги. Во мала чинија искршете ја чоколадата, додајте масло и мешајте ја на пареа за да се истопи. Додајте го маргаринот и кога ќе се соедини прелејте ја бајадерата со него. Прелејте ја со глазура и оставете ја во фрижидер.
