Мојата кујна

Вкусни кокосови коцки без јајца

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 чаши брашно

* 2 чаши шеќер

* 1 чаша кокос

* 1 прашок за пециво

* 1 кесичка ванилин шеќер

* 1 шоља млеко

* ½ чаша масло

За глазура:

* 100g чоколадо

* 2 лажици масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во сад за матење измешајте ги сите суви состојки (брашното, шеќерот, кокосот, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер) и со помош на жица добро промешајте. Потоа додадете ги млекото и маслото и мешајте добро додека не добиете еднолична смеса.

Смесата се става во плех кој претходно сте го подмачкале со масло за готвење и сте го попрскале со брашно. Се пече на 180 степени, 35-40 минути.

Глазура: Искршете го чоколадото, истурете две лажици масло и стопете го на пареа.

Готовиот колач прелиете го со глазура и оставете да се олади. По желба, посипете го со кокос.

Исечете на коцки и послужете.

Напиши коментар