Мојата кујна

Вкусни питички со блитва и сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500 г бело брашно

* 1 јајце

* 1 кафена лажичка сол (рамна)

* 150 мл млеко

* 1оо мл вода

* малку густин (за премачкување)

* 1 маргарин (за премачкување)

* 250-300 г сирење

* 1 китка блитва (или спанаќ)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Од состојките замесете средно меко тесто и поделете го на три еднакви дела. Потоа секој дел обликувајте го во топче.

Секое топче притиснете го да стане како плочка а потоа добро завиткајте го со пластична фолија. Оставете ги сите топчиња да одморат во фрижидер барем еден час.

Расукајте широка кора на убаво набрашнета површина. Потоа испрскајте ја одозгора со малку густин и распределете го насекаде со рака.

Потоа кората премачкајте ја со маргарин (на собна температура или малку загреан во микро, никако течен) по целата површина.

Превиткајте ја кората на половина, а потоа повторно премачкајте ја со маргарин.

Уште едно преклопување од надворешната страна кон средината. Повторно премачкајте со маргарин.

Уште еднаш превиткајте ја лентата на половина, но сега не ја премачкувајте. Завиткајте ја убаво во фолија и оставете ја во фриждер да одмори барем 1 час. Повторете ја истата постапка со другите две теста.

Откако корите убаво ќе се оладат, една по една расукувајте ги што е можно потенко. Секоја расукана кора пресечете ја по средината и долж пресекот распоредете го филот.

Почнете од пресекот кох надворешната страна и завиткајте ја секоја половина од кората во ролна. Потоа пресечете ја секоја ролна на половина.

Половинките сместете ги во тавче врз хартија за печење.

Со оштар нож пресечете ги корите на питички и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени.

Печете околу 20 минути или додека не добијат убава жолто-златна боја. Ако ви остана од маргаринот, премачкајте ги питичките откако ќе ги извадите од рерна .

Напиши коментар