Она што го знаеме е дека бебињата на возраст од шест до девет месеци, едвај проговоруваат… Сепак, тие го разбираат она што се случува околу нив. Конкретно, го разбираат значењето на зборовите, тврдат научниците…
Порано, се сметаше дека она што го разбираат бебињата е тонот со кој разговараме, не и зборовите. Дури и научниците сметаа дека препознавањето на зборовите, кај бебињата се појавува дури откако ќе наполнат една година.
Сепак, 30 бебиња на возраст од шест до девет месеци, биле тестирани од страна на научници од Пенсилванија. Тестирањето било изведено, на тој начин што на бебињата на монитор им биле покажувани фотографии. Кога ќе им бил спомнат друг збор, како на пример јаболко, бебињата погледнувале во јаболкото. Ова покажува дека бебињата ги поврзувале зборовите и сликите.
После кажаново, навистина треба да внимаваме што зборуваме пред нашите најмнили …