Motherhood

Внимавајте, и вашето семејно милениче може да ви пренесе некаква болест

Иако вашата мачка секој ден ве забавува и е нов член на вашето семејство, сепак треба да бидете свесни дека може да ви пренесе различни болести.

Најчеста болест која мачката може да ја пренесе е од нејзините гребења. Симптомите се појавуваат веднаш по гребењето, а тие се црвенило и оток на местото на гребаницата. Ова се некои од првите симптоми, а потоа црвенилото се претвара во меур кој може да загнои, а  неколку дена потоа се појавува треска, главоболка, замор, слабост и воспаление на лимфните јазли.

Третманот е едноставен и најчесто се користат антибиотици, но сепак, процесот понекогаш може да потрае неколку месеци.

Исто така, може да ви пренесе Микроспороза. Тоа е габично заболување, што се манифестира како црвена дамка на рацете или на лицето што нема да исчезне. Тоа е најчесто кај децата од училишна возраст и се пренесува преку контакт со заразено животно или предмет.

Ако забележите било какви невообичаени симптоми на вашата кожа, посетете доктор, особено ако имате мачка како домашно милениче.

Write A Comment