Убавината не е луксуз или среќа, денес се смета дека убавината е обврска на секоја современа жена. Моментот кога ќе престанете да изгледате убаво, дали тоа било во триесетите, четириесетите или педесетите годинини од животот– почнувате да остарувате навистина! Еве, како да бидете секогаш негувани и млади:
Често слушате најразлични приказни од медиумите за некои препарати за хидрирање на кожата, сепак вистинскиот резултат се постигнува доколку внесете неопходна течност во организмот. Кожата на лицето и телото ќе ви бидат затегнати доколку секојдневно пиете околу 2 литри незасладени течности, во најдобар случај вода и билни чаеви.
Во исхраната треба да внесете свежи намирници, а да избегнувате чоколадо, пржена храна, кафе, алкохол, цигари и премногу сол. Дозволени се мали количини на мед или некој природен засладувач – малтекс, доколку не можете без шеќер.
Намирниците кои се потребни за кожата, а воедно и ваши сојузници против старење се: морков, зелка, салата, зелено листен зеленчук, пивски квасец, морски алги во мали количини, пченично брашно, ореви, интегрални житарки, соја, кафеав ориз, сливи, мала количина грозје, ленено масло, тиквино и сусамово како и маслиново масло, доматен сос, лук, и риба. И јасно, млеко и млечни производи.
Сите овие намирници ги содржат оние хранливи материи, кои се наши сојузници во борбата против стареењето, а и болестите. Ги содржат витамините од Е, А, Д, Б групите, витамин Ц и омега киселини. Како и минерални компоненти, како што се селен, магнезиум, железо, калциум, калиум…
Нашиот надворешен изглед многу зависи од тоа, што правиме ние за нашиот внатрешен организам. Затоа внимавајте на тоа што јадете – здравата природа е клуч за убавината кај жените и потрудете се вашата убавина да ја зачувате што подолго, бидејќи таа не зависи од вашите години, туку од тоа како се однесувате вие кон вашето тело.
