Во пресрет на Велигденските празници, убаво е да се потсетиме на негативните последициои кои може да ги имаме од овие производи. Жените што секој ден консумираат јајца имаат поголем ризик од смрт отколку другите жени на нивна возраст, покажува истражувањето на Јапонските научници.
Истражувањето на научниците од Универзитетот во Кјото траело 14 години, а во него учествувале 9.300 мажи и жени кај кои бил следен внесот на одреден вид храна.
Утврдено е дека жените што секој ден консумирале по 1 јајце, во однос на жените кои консумирале само 1 или 2 јајца неделно, имале за 22% поголем ризик за смрт од која било причина.
На зголемувањето на ризикот не влијаеле фактите како возраста или телесната тежина, односно пушењето.
Уште поголем ризик бил забележан кај жените што секојдневно консумирале 2 или повеќе јајца.
Жените што почесто јаделе јајца имале и зголемен ризик од заболувања од срцеви болести или пак дека ќе настрадааат од мозочен удар.
Добиените резултати научните ги објсниле со високото ниво на холестерол во јајцата и додаваат дека само 1 јајце содржи 2/3 од препорачаниот дневен внес на холестерол за едно возрасно лице.
Кај машките испитаници не е утврдена никаква врска меѓу консумирањето јајца и зголемениот ризик од рана смрт.
