Дестинации

Во оваа пештера се наоѓа најубавото езеро на светот!

Во пештерата „Поко азул“ во националниот парк „Чапада дијамантина“ во Бразил, се наоѓа скриено езеро кое е толку бистро, што на светлина речиси водата не може ниту да се забележи.

Имено, кога светлоста ќе се пробие низ пукнатините на пештерата, водата станува толку проѕирна што формира глетка која навистина го одзема здивот.

Фотографот Марсио Дуранк (40) ја наслика неверојатната проѕирност на оваа 16 метри длабока подземна пештера која ја откриле копачите на злато во 1920 година.

Овој плав „базен“ со топла вода од 23 степени во текот на цела година е вистинска атракција за туристите кои имаат прилика и да пливаат во него.

-Кога пливате, нуркате или лебдите во ова езеро, се чуствувате како да летате, како да не сте на оваа планета. Дозволено е влегување исклучиво во мали групи, за да се зачува убавината на оваа пештера – раскажува Марсио.

Оваа пештера се наоѓа во близина на реката Парагуасо, а во неа во 1990 година е пронајден скелет од огромен мрзливец од 6. тони кој изумрел пред 11 000 години.

https://www.youtube.com/watch?v=d95b-3PgaIU

Напиши коментар