Ужасниот мирис се жири по ходниците и собите на Леланд, подовите се нечисти, ѕидовите морничави…
“Персоналот е максимално нељубезен, лифтовите се распаѓаат, некој беше избоден пред вратата од хотелот. Локва крв се наоѓаше пред вратата”– напишал некој посетител.
Исто така гостите се жалеле и на непријатната миризба која се ширела низ хотелот и за нечистотијата во бањата, тушевите кои биле поставени само за украс…
Токму поради ова овој хотел е рангиран како најлош, на основа на коментарите на посетителите. Не е познато од кога, но денес овој хотел не функционира како хотел, туку како приватен стамбен објект кој на големо чудо, секојдневно го посетуваат стотици туристи кои се во потрага по авантура.
