Фустани од чипка и блузите може да се комбинираат со фармерки, здолништа, цветни дизајни, сако и многу други ствари.
Симбол на романтика и копнеж, облеката со чипка порано се носеше само за посебни прилики. Денес, за среќа тоа е поинаку, а фустани од деликатна чипка материјал ова лето се носат од утро до полноќ за преку ден и вечерните излегувања. Ако сакате да бидете во тренд, но, исто така, да привлечете машки погледи и воздишки облечете фустан од чипка, или барем со чипка детали и нема да погрешите.
Чипката може да биде во популарната бела боја, онаа валкано белата, нијанси на шампањ, розова, сина, зелена, жолта или едноставно одберете боја по ваша желба.
Елегантен, црн пократок или подолг фустан со чипка или чипка детали е одличен избор за еден вечерен коктел, со соодветна шминка и црвен кармин, тоа ќе изгледа совршено.
