← НАЗАД НА БОЗА

Временска разлика помеѓу 2 бремености

Временска разлика помеѓу 2 бремености
601 Читања

Лекарите советуваат да се причека барем година дена за следната бременост.

На секој организам му треба пауза, колку и да е здрав. Жените кои забременуваат веднаш после првата бременост, не се секогаш свесни за ризикот кој го трпи нивното тело и можните последици. Во пракса тоа значи можност за крварење за време на пораѓањето и после него, развој на анемија, воспаление на вените, тромбоза на долните ектремитети и надворешните полови органи. Матката не успева да се здобие со потребен слој на кој постелката треба да се прицрвсти. Поради тоа може да дојде до недоволна поврзаност и пореметување во крвотокот измеѓу постелката и детето. Така родените деца често заостануваат во растот и имаат мала породилна тежина.

Посоветувајте се со гинеколог

Доколку одлучите повторно да зачнете, обавезно побарајте совет од гинекологот. Тој ќе ја провери вашата здравствена состојба, ќе се осврне на текот на вашата мината бременост, ќе ги направи сите потребни испитувања и ќе ви помогне што посигурно на свет да донесете нов живот, па макар тоа да значи да ве советува и малку да причекате со новата бременост.

Првото дете на царски – поголемо растојание помеѓу бременоста

Доколку жената претходната бременост ја завршила со царски рез, се советува растојанието помежу бременоста да биде 2 до 2 и пол години. Дали мајката овој пат ќе роди по природен пат, не е можно да се предвиди, но од многу работи зависи поради кои причини е направен првиот пат царскиот рез. Доколку причината била големиот плод, неправилната положба на детето или тежината на плодот која не одговарала на големината на карлицата на мајката, можно е следниот пат мајката да роди по природен пат. Во случај причината да била болест кај која не смее да дојде до оптоварување кое го носи пораѓањето, тогаш царскиот рез веројатно повторно нема да може да се избегне. Хронична болест на ‘рбетот, косо сместена карлица или некоја друга состојба ќе услови оперативно пораѓање.

Во случај на претходна повеќеплодна бременост, матката на здрава жена се опоравува со иста брзина како и кај едноплодната бременост. Меѓутоа, докторот веројатно ќе ви советува нешто поголема временска разлика, бидејќи тоа било поголемо оптеретување за организмот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk