Здраво тело

Вркута – лек за сите женски болести

Вркута позната и како бисерок и моминска наметка (лат. Alchemilla vulgaris) е зелјесто растение од семејството рози (Rosaceae). Научното име потекнува од арапскиот збор alkemelych, што значи небесна роса и латинскиот vulgaris што значи обичен.

 Лековити својства

Вркутата е позната како универзален лек за сите женски болести. Капките од лисјата се составен дел од многу напитоци. Цвета од крајот на мај до почетокот на есента, со мали зеленикаво-жолти цветчиња. Листовите може да се собираат во пролетта, но најдобро е да се собираат во времето на цветање. Содржи танини, флавоноиди, горчливи супстанции, органски киселини, фитостерин, салицилна киселина, етерични масла кои изобилуваат со витамин Ц. Има антибактериски ефекти, но имаат многу корисни ефекти. Таа е призната како една од најефикасните растенија против женските проблеми. Во народната медицина веќе долго време се користи за лекување на генитални инфекции. Таа го запира растот на ракот на дојката.Вркута (бисерок, моминска наметка) третира нарушувања на менструалниот циклус, болни и нередовни менструации, хормонални пореметувања, цисти на јајници, полицистичност, бел исцедок, воспалителни процеси, бактериолошки проблеми, кандидијази, болки во стомакот, ХПВ вирус, ги зајакнува ѕидовите на матката, помага кај жени со спуштена матка, има голема улога во олеснување на породувањето, штити од абортуси, при лечење на неплодност кај жената (помага во задебелување на слузницата на матката), при тешкотии во периодот на менопаузата. Јапонските истражувачи откриле дека супстанцата agrimonin во вркутата спречува рак на дојката. Покрај тоа, ефикасно лекува воспаление на желудочната и цревната слузница,чирови, дијареа, воспаление на усната шуплина и фаринксот, рани по вадење на заби, ревматски заболувања, анемија, шеќерна болест, гојазност, појава на егземи на кожата и гнојни рани.

Најчесто се употребува како чај, поретко како тинктура, крем или екстракт.

Чај од вркута
Се подготвуваат две кафени лажици зелена вркута во 200 мл зовриена вода. Се остава да стои 5-10 мин, потоа се цеди. Чајот се пие во мали голтки полека, три чаши дневно – свежо подготвен. Во случаи на аменореа чајот треба да биде повеќе концентриран (се остава да стои повеќе од 15 мин). Жени кои претходно имале абортус или постои ризик од истиот треба да пијат 4-6 чаши дневно чај. Против бел исцедок се подготвува напиток: во 1 литар зовриена вода се додава 50 грама исушена вркута без корен и се пие топол во текот на денот. Може да се пие сам или во комбинација со други билки (камилица, невен, жалфија, равнец). Ако се помеша со Capsella bursa-pastoris се добива лек против скоро сите женски болести. Во лекување на грчеви и мускулни болки, мускулна слабост и анемија кај децата се препорачува да се земат 2 чаши чај од вркута дневно.

Совет: Чајот од вркута не се препорачува кај бремени жени и доилки (поради недостатокот на достапни научни докази), како и кај лица кои имаат проблеми со жолчниот меур и црниот дроб. Пред употреба задолжително консултирајте се со лекар.

Напиши коментар