За да ја прослави 10 годишнината, YolanCris ја претставија својата најексклузивна, мала колекција од седум прекрасни невестински фустани кои го одземаат здивот.
Креациите од невестинската колекција за есен/зима 2016 година се изработени со користење на уникатна техника. Секој фустан содржи преку 1000 рачно сошиени убоди, сите изработени со високо-ексклузивни материјали од врвен квалитет (свила органза, везен тул и апликации рачно изработени од страна на дизајнерките, сестрите Јоланда и Кристина Перез). Инспирирана од жените и духовноста, колекцијата е исклучително женствена – прекрасен пример за посветеноста на дизајнерот на фина изработка и максимална посветеност за квалитетот на брендот.








