Петнаесет минути е максималниот период кој се препорачува децата да џвакаат мастика. За тоа време се лачи плунка која е потребна да ги исчисти нечистотиите и остатоците од храна.
Долготрајното џвакање на мастика може да предизвика проблеми во зглобот на вилицата, а и оштетување на забната глеќ, што предизвикува кариес.
Затоа што е речиси невозможно да им ги забраните мастиките на децата, тогаш дозволете им да го прават тоа најдолго 15 минути, велат стоматолозите.
