Дестинации

За хедонистите – Fairmont Chateau Whistler

Сместен во подножјето на напознатото сијалиште во Ванкувер, се наоѓа Fairmont Chateau Whistler, совршен зимски луксузен хотел…

Со неверојатни апартмани и поглед кон планината од каја застанува здивот, овој хотел е единствен во целата Северна Америка. Подеднакво е пријатен и во лето и во зима, а најпопуларно место за одмор претставува кога сакате да ги истражите планините во Ванкувер. Без оглед на тоа дали уживате во скијање, сноуборд или голф, овој хотел може да ви понуди искуство кое ќе го паметите цел живот.

Fairmont Whistler е многу повеќе од обичен хотел – тоа е место каде посетителите может да уживаат во многу услуги на едно луксузно одморалиште. Мора да ги споменеме Vida Wellness Spa и Fairmont Gold бутикот. Доколку сте љубители на префинети и експертно подготвени пијалоци, совршено место за вас е Mallard ложата.

Доколку посакате да излезете од хотелот, Whistler Village е местото кое ќе ве воодушеви. Тоа е прочуената шопинг дестинација каде може да купите скапоцени сувенири и да поделите дел од радоста од вашиот одмор со саканите.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20

 

Напиши коментар