Art & Crafts

За секси поглед – изберете ја вистинската маскара

Тајната на романтичниот и заводлив поглед лежи, пред се, во добрата шминка, а еден од најважните фактори при шминкањето е секако маскарата, која претставува завршен чекор со кој го комплетирате вашиот изглед

Важно е да знаете каков ефект сакате да постигнете: На пазарот постојат многу различни маскари – водоотпорни, за волумен, за долги трепки, за извиткани трепки, за нега на трепки, светкави, во разни бои… Треба да знаете што ви треба за да ја изберете вистинската маскара.

Доколку четкичката е густа, тогаш таа маркара нанесува густ слој на степките, а доколку влакненцата на четкичката се подолги, тогаш таа е наменета да ги раздвои и дефинира трепките. За најдобар ефект најдобро е да ги комбинирате маскарите.

Доколку имате чувствителни очи или носите леќи изберете офталмолошки испитани маскари или пак водоотпорни маскари каде постои помала веројатност дека ќе се размачкаат.

Експериментирајте со боите, се е дозволено: За дневен изглед може да си поиграте со зелен, сини и виолетови нијанси кои дополнително ќе ја нагласат убавината на вашите очи. Може да ги нанесете само на врвовите на трепките откако веќе сте нанеле црна или кафена маскара.

Индиго сината и зелената маскара одлично прилегаат на кафени очи, додека на сините и зелените очи им прилега виолетова маскара. Темносивата маскара добро изгледа на зелени очи, додека црната е неутрална и одговара на сите бои на очи и на сите сенки.

Научете како да ја нанесувате маскарата: Погрижете се да нанесете маскара на сите трепки, особено на оние на надворешните краеви на окото, бидејќи така очите визуелно ќе изгледаат пoголеми.

Прво нанесете маскара на коренот на трепките, а потоа од коренот кон врвовите за трепките да изгледаат подолго. За свеж поглед нанесете маскара само на горните трепки. Ако сакате вашите очи де изгледаат пошироко нанесете маскара и на долните трепки. Доколку нанесувате два слоја маскара, прво почекајте првиот слој да се исуши за да не се створат грутки.

Напиши коментар