Art & Crafts

За што се можете да го употребите стикот против потење?

Стикот против потење го има скоро во секој дом, но малку луѓе знаат дека тој всушност е мултипрактичен предмет.

Во прилог ви ги претставувавме 5-те начини на кои можете уште да го користите освен за потење под пазувите.

Против плускавци

Нанесете го стикот на местото каде чевлите ве стегаат и каде би можел да се создаде плускавец. Тој ќе делува како бариера помеѓу кожата и чевлите и така нема да имате мака.

Против непријатен мирис на стапалата

Намачкајте ги сувите табани со стикот пред спиење и следниот ден стопалата нема да ви се потат, а со тоа ќе го нема ни непријатниот мирис.

Против потење под градите

Дамите со поголеми гради често имаат проблем со потењето под градите. Тој незгоден проблем може да се реши со нанесување на стик под градите пред да го облечете градникот.

За вратите кои шкрипат

Намачкајте ги шарките на вратата со стикот за да се спасите од досадниот звук на шкрипење при секое отворање на вратата.

За освежување на плакарот

Тргнете го капачето од стикот и ставете го во еден агол во плакарот за да го исполни со пријатен мирис.

Напиши коментар