← НАЗАД НА БОЗА

За здрав ум и здраво тело, вежбајте јога и хранете се здраво

За здрав ум и здраво тело, вежбајте јога и хранете се здраво
608 Читања

Еден од најчесто користените зборови поврзани со модерниот начин на живот, е стрес. Се чини дека веќе сме го прифатиле за нормално тоа да бидеме загрижени, збунети, под стрес… неспособни да го контролираме постојаниот прилив на промени во светот кој не опкружува, ние се чувствуваме беспомошни. Решени да се погрижиме за нашето здравје, прибегнуваме кон разни диети и исхрана, но не го постигнуваме саканиот резултат.

Тогаш настапува моментот, во кој разбираме дека надворешниот свет не може да ни го обезбеди саканиот мир и задоволство и се завртуваме назад, каде што никогаш до сега не сме ги барале – кон себе, преку практиките на јогата. Конкретниот повод може да е физичка болест или емоционален проблем, но во суштина коренот е ист – желбата да го направиме животот подобар.

Ако пред десет години повеќето луѓе ја гледаа јогата како егзотична професија и како средство да се справат со некои болки, денес илјадници луѓе и кај нас се добро запознаени со исклучителните бенефиции кои јогата може да ги донесе во нашите животи. Бидејќи јогата не е спорт, таа  е начин да се откриете себеси, таа е патот кон нашето сопствено совршенство.

Јогата е начин на размислување, метод за разбирање, оценување и прифаќање на животот. Методите и техниките на јогата го водат човек чекор по чекор кон усогласување на сите аспекти на животот – физички, емоционален, интелектуален и духовен.

Во јогата телото и умот се нераскинлива целина. За да се постигне ова, сепак, е потребно човек да постигне мирен ум – задача која секогаш била особено тешка, а на современиот човек му се чини директно несватлива. Човек не може да го смири неговиот ум, ако неговото тело боледува и страда. За да биде нашето тело здраво и витално сепак, еден од најважните фактори е храната која ја внесуваме. Затоа од исклучително значење при вежбање јога е усвојувањето на соодветна храна на одреден начин, бидејќи храната е извор на енергија и во зависност од содржината, таа може да разболи или да лекува.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk