Многу жени ја занемаруваат важноста на самопрегледот на нивните гради. Ако сакате вашите гради да бидат здрави, важно е да се грижите за нив и да ги следите евентуалните промени. Некои знакови никако не треба да ги игнорирате, а ние ви откриваме кои се тие.
1. Топче на градите- Меката маса која помрднува под вашата кожа веројатно е циста исполнета со течност. Ако е топката цврста веројатно е бенигна промена, но секако обратете се кај лекар.
2. Осип на брадавиците- Трагови кои потсетуваат на убоди од инсект, црвенило или осип, а кои не поминуваат ни по неколку седмици, можат да бидат облик на рак на дојка.
3. Набрана кожа на градите- Ако ткивото стане набрано како кожата на портокалот, тоа може да биде знак на затнат лимфен чвор, што укажува на рак на дојка.
4. Лузна која менува боја- Ракот на кожа најчесто се јавува на нозете, но и градите можат да бидат мета на таа болест.
Покрај редовен самопреглед , обавезно потсетувајте го својот гинеколог на ги прегледа и вашите гради!
