Мојата кујна

Запечени ролнички месо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 700 г свинско филе

* 500 г печурки

* 2 главици кромид

* 2 јајца

* 150 г кашкавал (рендан)

* 200 г павлака за готвење

* малку сол, црн пипер

* малку масло за готвење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Кромидот исчистете го, исечкајте го и на малку масло за готвење пржете го се додека не омекне и не се карамелизира.

Печурките исечкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во тавата со кромидот. Пржете ги се додека не испари водата која ја испуштија печурките.

Јајцата сварете ги, исечкајте ги и додадете ги во тавата заедно со печурките.

Додадете го и ренданиот кашкавал, зачинете с сол и црн пипер и се добро промешајте. Филот за полнење на ролните е готов.

Месото исечкајте го на тенки парчиња и удрете го неколку пати со чукалка за. Посолете го и запиперете го од двете страни.

На едниот крај од месото ставете две лажици од филот и завиткајте го месото во ролат.

Боцнете го со чечкалица за да не се распадне при пржење. Постапката повторете ја со целото месо.

Во тава, на малку масло за готвење, запржете ги ролните од двете страни.

На ролните извадете им ги чечкалиците и префрлете ги во огноотпорен сад за печење. Павлаката измешајте ја со една чаша вода и налејте ја во садот за печење. Посолете и запиперете.

Печете ги околу 30 минути, на 180 степени. Сервирајте ги топли.

Write A Comment