Motherhood

Запознајте го своето дете

Набљудувањето на личноста и однесувањето на вашето дете, може да биде добар начин да се научи да ги препознаете неговите емоционални потреби

Пробајте за детето да размислувате како за посебна личност, индивидуална човечка единка која во различни ситуации, различно се однесува.

Поставете си ги следниве прашања:

Дали е детето тивко и повлечено или гласно и друштвено?

Во кои ситуации бара повеќе, а во кои помалку внимание и подршка?

Што предизвикува кај детето несигурност, а во кои ситуации се чувствува најпријатно?

Со размислување на овој начин ќе бидете во можност соодветно да одговорите на детските индивидуални потреби, бидејќи секое дете е различно, па дури и оние деца кои израснале во истото семејство и кои се одгледани од истите родители. Следните совети би можеле да ви помогнат во тоа, но не заборавајте дека во одгледувањето на децата не постојат универзални „рецепти“ применливи на сите деца.

Вашите желби не се најважни

Важно е да не наметнувате задоволување насопствените емоционални потреби (на пр. детето во тој момент баш да ни искаже нежност), посебно ако детето јасно дава до знаење дека тоа во моментот не му одговара. Сепак, не ја тргајте од ум и сопствената индивидуалност: на некои родителиповеќе им лежи таков емоционален начин на искажување на љубов кон своето дете, а на некои помалку, што е сосема нормално и прифатливо. Не се преправајте во нешто што не сте, бидејќи децата се прави махери во воочување на родителските (не)автентичности.

Пофалете го детето

Покажете интерес за активности во кои детето ќе учествува и ќе искажува задоволство со неговите постигнувања и напредок, без споредување со братот, сестрата или другите деца. Настојувајте детето да го доживее тоа: „јас го можам тоа“ чувство, кој ја засилува неговата сигурност во сопствените способности. Сепак, не го фалете детето само на основа на „надворешните“ успеси.

Давање нaмногу внимание на детето ќе му покаже дека е ценето и вредно (освен што е сакано). Децата сакаат да им удоволат на блиските возрасни, така да вашето внимание и фалење ќе им помогне добро да се чувствуваат.

Дозволете му на своето дете можност за избор (во рамките на дозволените граници, на пр. избор за тоа што ќе облече за градинка или кој цртан филм да го гледа), што исто така ќе му биде показател колку му верувате и колку го почитувате како личност. Можноста за избор за себе неминовно повлекува и последици од тој избор, затоа дозволете му на детето да учи од последиците од своето однесување.

Write A Comment