На иста адреса

Запознавање со учесниците на Првото Македонско Музичко Реално Шоу “На иста адреса“: Александра Михова

Александра Михова е родена во Кавадарци 1989. година. Има 26 години. Средно училиште завршила во Гимназијата “Добри Даскалов” во Кавадарци. Студирала на Факултетот за туризам и угостителство.

“Од 17 години започнав со живи свирки во кафулињата и дискотеките во земјава. До ден денес го работам тоа. Имам настапувано на повеќе фестивали, меѓу кои Скопскиот фестивал, каде ја исполнив нумерата “Срце чува спомени”, Макфест со “Ти си само сон” и Охрид фест со нумерата која носи наслов “Своја”. Сите три композиции се дела на Андријана Јаневска.

Песната “Ништо не остана” за која има снимено и видео запис, е дело на Столе Аврамов.

Во 2011 година учествував во првиот Македонски идол, каде влегов во првите 20 финалисти.

Слушам секаков вид на музика, во зависност од расположението, но најмногу уживам во џез. И се восхитувам на светски познатата Бијонсе, а ја обожавам и Лана Дел Реј.

Сметам дека не е само пеењето единствено важно во оваа работа. За да бидеш успешен треба целокупен пакет. Чувство за ритам, играње, изглед, однесување на сцената, а мене настапите на живите свирки ми помогнаа најмногу.

Уживам да читам книги и да гледам филмови. Признавам дека не сум тип кој се придржува само кон здрава исхрана. Сакам да јадам пица, сендвичи и да пијам пиво.

Ги сакам животните. Го сакам животот и природата. Сакам луѓе кои знаат да ме насмеат. Верувам во љубовта”.

Во моментов Александра е дел од Првото Македонско Музичко Реално Шоу “НА ИСТА АДРЕСА”, кое започна да се емитува на Алфа телевизија. Во неделата таа имаше одличен настап и уште еднаш го покажа својот моќен глас. Сигурни сме дека цврсто ќе чекори и до самото финале.

Доколку сакате да дознаете повеќе за неа и останатите учесници на Првото Македонско Реално Шоу, “На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална фејсбук фан страница на следниов линк.

1 2 4 5 7 6

Напиши коментар