На иста адреса

Запознавање со учесниците на Првото Македонско Музичко Реално Шоу “На иста адреса“: Зои Блаж (Зорица Блажева)

Од денес започнуваме со нова рубрика со која ќе им овозможиме на нашите фанови подетално да ги запознаат учесниците на Првото Македонско Реално Музичко Шоу “На иста адреса“. Секојдневно ќе објавуваме кратки профили за секој кандидат поединечно, како и најинтересните моменти од куќата каде сите тие престојуваат.

Младата поп- пејачката Зорица Блажева, или по позната во македонската јавност како Зои Блаж владее на македонската сцена од својата 16. година. Многумина ја препознаваат по неколкуте хит синглови кои ги имаше пуштено во етер како “Сама”, “Живеј со времето”…итн

Родена е на 06.06 1995 година. Како што вели таа, музиката е нејзина прва љубов.

Како мала има настапувано на фестивалот за детски песни “Златно Славејче”, а во своите тинејџерски денови се занималва и со манекенство. Своето слободно време го користи за вежбање во теретана.

Во моментов Зои е дел од Првото Македонско Музичко Реално Шоу “НА ИСТА АДРЕСА”, кое започна да се емитува на Алфа телевизија. Во неделата таа имаше одличен настап и уште еднаш го покажа својот моќен глас. Сигурни сме дека цврсто ќе чекори и до самото финале.

Доколку сакате да дознаете повеќе за Зои и останатите учесници на Првото Македонско Реално Шоу, “На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална фејсбук фан страница на следниов линк.

1

465

3

 

Напиши коментар