Здраво тело

Зашто диетата која вклучува месо е помалку ефективна од вегетарјанската

Иако многумина веруваат дека оброк без месо не е вистински оброк и дека никогаш не може да се биде целосно сит без храна од животинско потекло, тоа не е точно.

Весник за Генерална интерна медицина спроведе анкета во која беа вклучени 12 различни студии, па дури и 1150 луѓе, кои беа изложени на различни видови на диети 18 недели. Како резултат на овој експеримент се покажа дека оние чиј режим на исхрана не вклучува месо губат телесната тежина, во просек 2кг. повеќе од оние кои јаделе месо.

Додека 2кг. звучи недоволно за да се откажате од месо следниве информации, најверојатно, ќе ве уверат. Кога сите учесници се вратиа во нормален живот по една година дојде до резултати за восхит. Најголем број на оние кои не консумирале месо за време на диетата си ја задржале својата нова тежина, додека оние кои го конзумирале месото добиле колограми плус.

Освен што диетата што не вклучува месо е многу поздрава, тајната лежи во варењето на храната. Ру-Хуанг Ји, главен супервизор на студијата, а исто така и доктор на Универзитетот Харвард, тврди дека овошјето, зеленчукот и интегрални житарици побавно се варат поради високата концентрација на влакна што оставаат многу подолго чувство на ситост по јадење.

Write A Comment