Ова освежително смуди ќе ве обезбеди со енергија за целиот ден, а помага и за полесно намалување на масните наслаги.
Состојкте помешани во оваа напивка ќе ви обезбедат доволна количина на железо, влакна, калиум, магнезиум, фолна киселина и витамини А, Б1, Б6 кои кога делуваат заедно сосема го закрепнуваат и го будат исцрпеното тело.
Пијте го наутро, во текот на денот нема да чувствувате глад. Дополнително, оваа моќна напивка помага побрзо да се ослободите од масните наслаги.
За да го подготвите потребни ви се следниве состојки:
– 3 дланки свеж спанаќ
– 1 лимон (сок)
– 1 краставица
– 1 авокадо
– Свежо нане
Подготовка:
Овошјето и зеленчукот измијте го под млаз вода, потоа ставете ги сите состојки во блендер, додадете дел и од нането. Мешајте додека смесата не стане течна. Сервирајте ја течноста во стаклена чаша и додадете уште малку нане.
