Општо е прифатено мислењето дека жените се во рамноправна положба со мажите, само на Запад, меѓутоа статистиката покажува друго…
Катар – град со најголем број студентки : Токму така, во блискоисточната држава под власт на Емиратите, жените претставуваат 6/7 од студентската популација, без разлика дали се работи за технички или општествени факултети.
Индија – земја со најголем број женски возачи : Во Индија, Жената се смета за неверојатно добар возач, па така, во Њу Делхи е основана такси компанија која ја сочинуваат исклучиво жени
Исланд – општо, најдобра земја за жените : Општо гледано, најдобра земја за животот на жените е Исланд. Оваа проценка е земена во обзир, врз основа на положбата на жената во политката, образованието, економијата и здравството. Спротивно, најлоша земја за жените е Јемен.
Руанда – најдоброто место за политичарка : Од 80 членови на Парламентот во Руанда, 45 се жени.
Норвешка – најдоброто место за да бидете мајка : Податоците покажуваат дека Норвешка е земјата со најбезбедни породувања. Така, во просек, умира една мајка од 7600 породувања. На спротивната страна се наоѓа Авганистан, каде жените имаат 200 пати поголеми шанси да умрат при породување.
Лесото, земјата со најголем број писмени жени : Во Лесото 95 % од жените знаат да читаат и пишуваат.
Шри Ланка, најдобрата земја за жена Претседател: На брегот на Индискиот океан, жена била Претседател на државата цели 11 години.
Шведска, за уметничките : Во Шведкска, жените се третирани на тој начин што има иницијатива за изедначување на бројот на женски и машки уметници.
Тајланд, земја на бизнисменки : Во Тајланд, во високите кругови на бизнисот, жените влегуваат со 45 %. Најлоша е Јапонија, со само 8% жени со високи позиции.
Јапонија, земја со најголема долговечност на жените : Просечниот живот на жената во Јапонија е 87 години.
САД, земјата на спортистки : САД е земјата на најдобро платените спортистки на планетава.
Гуам, најдоброто место да се разведете од сопругот : Жените во Гуам имаат наједноставна процедура за развод, што резултира со најголем број разводи.
