Motherhood

Жените забременуваат по 104-тиот секс

Според едно британско истражување секоја девојка има секс 104 пати пред да забремени. Британските сексолози открија дека на една жена во просек и се потребни 6 месеци секс околу 4 пати неделно, за зачнување на првото дете. Покрај тоа, научниците утврдиле дека една од десет жени имаат толку силна желба да забременат што ги викаат сопрузите од работа дома, кога се во овулација.

70% од жените пак, сакаат нивните бебиња да им бидат зачнети додека спонтано и страсно водат љубов. Резултатите од истражувањето се добиени од мислењата на 3000 жени, кои што учествувале доброволно во анкетата.
“Да имате секс 104 пати пред да забременете звучи премногу, но верувајте ми не е”, рече доктор Мајк Смит.
“И покрај тоа, оние што не сакате да забременеете, не заборавајте да ги употребите потребните заштитни мерки. Обидите за зачнување на бебе се возбудлив период за секоја жена и многу луѓе обидуваат на сите начини, за да имаат дете “, додаде британскиот научник.

Write A Comment