Обично рано наутро секогаш ни недостасува време и идеи. Ако немате ни десет минути да направите фризура, тогаш со нашите упатства ќе успеете да направите некоја од овие одлични, практични и модерни фризури.
Полупунџа
Се собира косата од горниот дел на главата и од тие прамени се прави мала, благо опуштена пунџа. Оваа фризура е многу шик и никој нема да се посомнева дека сте ја направиле, да речеме, во лифт.
Неуредна пунџа
Оваа фризура е идеална за жени кои имаат средна должина на косата и степенаста фризура. Тие лесно можат да го соберат долниот дел од косата, така што во горниот дел ќе остане доволно волумен, но имајте на ум дека ова е неуредна пунџа, па избегнувајте да користите чешел и обликувајте ја косата со раце.
Уметничко дело во вашата коса
Доколку сакате минимализам и го потенцирате во вашиот личен стил ова ќе биде идеална фризура за вас. Одберете едноставни укосници во боја која е во контраст со бојата на вашата коса и фатете ги само предните прамени на косата, така што позади ќе формирате правилни геометриски облици.
Половина плетенка
Идеална фризура за девојки и жени кои не се сосема вешти кога станува збор за правење плетенки. Соберете ја косата како да ќе ја фатите во опавче, но наместо тоа сплетете плетенка само на еден дел, а останатиот дел оставете го слободно да паѓа.
Споени плетенки
Ако косата ви е брановидна секогаш може да се одлучите за две помали плетенки кои ќе ги исплетете на левата и десната страна на главата, а потоа ќе ги споите позади со помош на неколку шнолички или украсно ластиче.
Елегантно опавче
Оваа фризура изгледа многу елегантно, а за неа не е потребна некоја посебна вештина. Идеална е за жени кои имаат природно права коса со средна густина. Фатете ниско опавче и потоа фатете го и повлечете го нагоре, а за поелегантен впечаток оставете еден прамен од косата и обвијте го околу ластичето за да не се гледа.