Кога си го замислуваме совршеното зимување, многумина од нас помислуваат на прекрасно уредено зимско одморалиште во чија што топлина можеме да уживаме и да се воодушевуваме на снежната белина која што не очекува надвор. Токму за едно такво место, место од соништата, станува збор во продолжение.
Со прекрасна локација во швајцарскиот регион Валис, сместен високо во планината Леукербад, неверојатниот и ексклузивен ресорт “51 Degrees Thermal Resort” е се што му е потребно на човек за да се одмори во текот на зимскиот период.
Дизајнот на ова одморалиште го потпишуваат креативците од студиото “Marc-Michaels Interior Design Inc”, кои што на неверојатен начин успеале да го спојат модерното и природното, комбинирајќи дел од традиционалните зимски колиби со луксуз на кој никој не може да му одолее.
Разновидната понуда на зимски активности, надополнета со термалните бањи се искуства кои што посетителите едноставно не можат да ги одбијат, додека пак во описот на ова прекрасно одморалиште стои дека гостите може да уживаат во бесконечните погодности на модерното живеење со швајцарски шарм.
Прекрасната локација, виртуозното уредување од страна на дизајнерите и зимската магија го прават ова место совршено за зимски одмор, а во тоа може да се уверите и од фотографиите во продолжение.








