Bridal

Значењето на најпопуларните свадбени традиции и адети

Дали сте се запрашале за значењето на свадбените традиции. Секој адет си има своја приказна зад себе, па затоа решивме да ви го откриеме значењето зад некој од свадбените традиции кои се практикуваат насекаде во светот.

Фрлање на букетот: Традицијата на фрлањето на букет потекнува од средновековна Англија. Во минатото, жените имале обичај да кинат делчиња од фустанот и цвеќиња од букетот на невестата, бидејќи сметале дека тоа ќе им донесе добра среќа. Затоа невестите започнале да ги фрлаат буќетите и да бегаат. Денеска буќетот се фрла на крајот на свадбата, а се верува дека немажената девојка која ќе го фати е наредна која ќе се омажи.

„Предавањето на невестата“: Оваа традиција потекнува уште од времињата кога постоеле договорени бракови. Во тоа време се сметало дека ќерките се сопственост на нивните татковци. Вообичаено таткото бил оној кој ја предавал ќерката на младоженецот, обично за одредена сума на пари. Денес предавањето на невестата е симболичен благослов од нејзиниот татко.

Свадбените прстени: Според верувањата на римјаните, бурмата секогаш се носи на третиот прст од левата рака, затоа што вената од оваа рака води директно кон срцето. Бурмата всушност е во форма на круг, кој ја симболизира вечната љубов.

Кумови: Кумството потекнува уште од многу одамна, кога некои мажи морале буквално да ги украдат своите жени. Тогаш мажите ги земале со себе своите најсилни и најверни пријатели, кои им помагале доколку наидат на проблем со семејството на девојката.

Напиши коментар